Можеби среќа е да го минеш денот во
горд човечки облик, а ноќта да ја
пречекаш со спокојна мисла, дека
изминатите мигови не си ги истрошил
залудно. Дека си капнал капка
човечност и во нечија туѓа чаша,
дека си добил насмевка од милион
долари. А тоа можеш да го добиеш
кога ќе потрошиш малку од твоето за
некој друг...
Таква смерница имавме во главите,
кога ја прифативме понудата на МТВ,
со дел од нашите производи да му го
разубавиме денот на Сашо Тодевски од
скопското селото Јурумлери. Тој има
40 години и цел живот го минува во
инвалидска количка заради
церебралната парализа. Тешката
состојба му ги одзела нозете, но не
и духот. Тој се обидува да биде свој
човек, да ја разработи својата
продавница, да не зависи премногу од
туѓата помош.
Сашо беше главен лик во
документарниот филм на МТВ што го
реализираше новинарот Виолета
Совкаровска како мало финале на
акцијата да му се изгради пристапна
патека од домот до улицата, а во
која се вклучи и КИНГ со скромен
подарок и искрено пријателство.