Хигиена на тело


Лична хигиена е практика од суштинско значење, која придонесува за намалување на ризиците од самоинфекција, од ширење зарази меѓу луѓето, а исто така, ги спречува другите проблеми како непријатен мирис на телото, лош здив или кариес.


Дали знаете?
Бактериите доведуваат до непријатни миризби. Потта предизвикува задушна околина погодна за развој на fungis (габички - микоза) и бактерии. Едноставно парче ткаенина може да содржи повеќе од 100000 5 микроби на cm², по носење од само еден ден. (Скот & Блумфилд)

Досега се идентификувани многу микроби кои се поврзани со проблематиката на личната хигиена: бактерии: Enterobacteries, Staphylocoques, Corynebacteries, Propionibacteries; габички: Malassezia furfur, Candida albicans; вируси: херпес симплекс вирус, папилома вирус; паразити: Poux, Acariens, итн.


Едноставни и ефикасни совети:

Туширајте се со сапун и вода секој ден и по секоја физичка активност.

Исушете ја потполно вашата кожа за да спречите развој на габички и да избегнете инфекција на некоја повреда (рана) на вашата кожа.

Носете чиста облека и менувајте ја долната облека секојдневно.

Редовно менувајте ги и перете ги крпите, бањарките и постелнина.

Мијте ги забите по секој оброк, а најмалку двапати на ден.

Мијте ја и косата секојдневно.

Избегнувајте допирање на очите, носот или устата со валкани раце. Користете само хартиени марамчиња за еднократна употреба за лицето и фрлајте ги по употреба. Покријте ја устата и носот кога кашлате или кивате. Не ги споделувајте вашите лични предмети како вашата четка за заби, вашиот брич или козметичките производи.