Совети и препораки


Против acarians , замрзнете ги меките играчки!
Меките играчки се карактеризираат со неверојатни концентрации на acarians. И тоа најмногу кај старите омилени играчки. Невозможно е да ги ставите во машина за перење на висока температура бидејќи повеќето од нив не би го издржале тоа. Затоа ни останува длабоко замрзнување! Mеките играчки ставeте ги во кеса за замрзнувач и замрзнете ги на температура од -20°C. Сите организми ќе бидат уништени. Тогаш играчките може да се исперат на умерена температура за да се отстранат мртвите бактерии и нивните алергиски екскрети.

Во машината за миење садови исто така!
Ако имате некои валкани делови од опрема за бања, ставете ги во машината за миење садови. Вака ќе ги исчистите темелно, па дури и во деловите кои се тешко достапни. А ако изберете температура од најмалку 60°C, ќе ги уништите повеќето од микроорганизмите, што се можни пренесувачи на болест.

Матени јајца : претпочитајте затворен миксер
Свежите јајца се производ кој понекогаш е природно контаминиран со салмонела во доза која не е опасна за здравјето , но таа доза може да стане опасна за многу малку време. Бактерискиот раст може да го зголеми 5-100 милијарди во само една ноќ ако се остават на повеќе од 20°C. Преземете мерки на претпазливост секојпат кога ќе ги користите во кујната. Направен е експеримент со правење тесто од матени јајца заразени од салмонела со млеко и брашно. Забележано е дека предметите во собата околу нив, што биле претходно стерилизирани, при матење со вилушка, ја рашириле салмонелата насекаде во радиус до еден метар околу садот (рачки , ѕидови, чешми, работна површина). Во случај на матење со електричен миксер во отворен капак, салмонели биле пронајдени три или четири метри од миксерот. Заклучок: претпочитајте затворен миксер кој внимателно ќе го дезинфицирате по употребата.