Хигиена на рацете


Дали знаете?
25% од луѓето се инфицирани од бактеријата Escherichia Coli (одговорна за гастроентеритис) преку своите раце при излегување од тоалет, а само 4% влегуваат веќе инфицирани (ова се резултати од истражување направено во ресторани за брза храна).


Дланките и ноктите се најпогодни места за пренесување на заразните микроби заради нивната очигледна изложеност на инфекции. Поради тоа, дланките прибираат значаен број потенцијално опасни микроорганизми од надвор или од останати делови на телото, но и преку директен контакт или по воздушен пат.

Голема опасност се крие во леснотијата со која микроорганизмите се пренесуваат и ќе заразат сè што ќе допрат.

Хигиената на рацете е најважниот, а воедно и најлесниот начин кој може да го преземете за да спречите инфекции и проширување на микробите. Со оглед на тоа што рацете се водечки елемент за контаминирање (3/4 од инфекциите се пренесуваат преку раце), 8 од 10 болести можат де се избегнат со добра хигиена на рацете.


Кои зарази обично се пренесуваат преку рацете?

Гастроентеритис (Rotavirus): секоја зима многу луѓе страдаат од оваа вирозна инфекција која доведува до дијареа, повраќање и болки во стомакот. Бактеријата E.Coli може, исто така, да предизвика ваква патологија.

Настинка (Rhinovirus): се пренесува со носните секрети преку рацете.

Бронхиолит (RSVirus): сезонската епидемија на бронхиолитисот зафаќа 30% од децата годишно. Се пренесува преку кашлање и кивање и преку рацете.

Габични заболувања (Candida Albicans): кожните кандидијаза инфекции се развиваат во местата на потење и меѓу прстите. Генитални candidiases се, исто така, релативно честа појава. Една од честите кандидијаза инфекции е Thrush инфекцијата, која често ги напаѓа новороденчињата.


Корисни препораки:

Научете како да ги миете рацете правилно:
Националниот институт за здравствена заштита и едукација, препорачува миење на рацете со сапун и вода најмалку 30 секунди, триејќи ги енергично помеѓу прстите и под ноктите за да се елиминираат сите бактерии. Затоа, се препорачува користење течен сапун за поголема ефикасност и практичност.

Избегнувајте по миењето да ги бришете рацете со нечиста крпа. Претпочитајте чисти крпи или хартиени бришачи за раце.

Особено обрнете внимание на миењето раце (систематски и потемелно) пред да подготвувате храна, кога се грижите за вашето бебе, кога излегувате од возила на јавен транспорт, кога ги напуштате тоалетите, особено јавните тоалети и по посета на места каде што има поголема циркулација на луѓе (продавници, јавни места и сл.).

Кога патувате, препорачуваме да ги истриете рацете со алкохолен раствор неколкупати во денот.