Миленичиња во домот


Домашните миленици (мачки, кучиња, морско свинче, златна рипка и сл.) се дел од нашето секојдневие. Тие живеат во нашите куќи и спијат понекогаш во нашиот кревет. Но, милениците можат да бидат и носители на многу патогени или алергени кои можат да предизвикаат повеќе штетни болести за човекот. Исто така, присуството на животните дома наметнува некои елементарни хигиенски правила, значајни за домашните миленичиња, како и за кругот на семејството и за местото каде што живеат.

Постелнината која се користи кај животните не треба да се пере заедно со постелнината на сопствениците и се препорачува да се пере на повеќе од 60 °C или со средство за дезинфекција.

Осигурајте се дека вашите миленици се вакцинирани и истретирани против крлежи, болви, црви и други паразити.

Кон уличните животни мора да се пристапи внимателно за да се избегне било каков ризик, како и гризење или гребење. Во случај на гребење или каснување , дезинфицирајте го повреденото место со антисептик. Ако каснувањето е настанато од непознато животно, задолжително е каснатото место да се покаже на лекар. Избегнувајте спиење со животно во вашиот кревет или во вашата соба. Не им дозволувајте на вашите миленичиња да јадат од вашата чинија, не дозволувајте да ве лиже по лице или да се гали додека јадете. Бањајте го и четкајте го вашето домашно милениче редовно. По галењето на вашето животно или допирање на предмети кои се во контакт со него, мијте ги рацете со вода и сапун најмалку една минута за да се ослободите од сите микроорганизми или, уште подобро, користете средство за дезинфекција. Леглата, кафезите, постелнината од миленичињата, садовите за храна и играчките мора да се чистат и дезинфицираат редовно.