|
Хигиена на косаФоликулите на влакната од кои расте косата, произведуваат масло од лојните жлезди што ја одржуваат косата мазна. Скалпот (кожата што ја покрива главата), исто така, има бројни потни жлезди и е погодна површина за собирање на мртвите клетки од кожата. Маста, потта и мртвите клетки ја прават косата масна и ѝ даваат изглед на нечистотија доколку не се мие редовно. Лошата хигиена на косата може да предизвика првут и инфекции на кожата како што се тинеа капитис (Tinea capitis). Првутот е мртва кожа на скалпот што отпаѓа од кожата во вид на мали снегулки кога лојните жлезди произведуваат премногу масло и се акумулира на скалпот. Косата на главата е добра подлога за вошки (Pediculus humanus capitis) и гниди (јајца од вошки). Вошките на косата се мал инсект кој живее со цицање крв. Децата се особено склони кон зараза со вошки. Вошките се пренесуваат од една глава на друга, кога постои близок контакт, најчесто во училишните средини . Тие предизвикуваат чешање на скалпот и се причина за срам, навреденост, нервоза и непријатност. Бричење на коста на главата доаѓа предвид во случаи на тешки зарази од вошки, но споделување на брич со други луѓе треба да се избегнува. |