Кој може да биде загрозен?


Секој може да се сретне со инфекција, но некои групи луѓе се поподложни од другите.

Бебиња
Новороденчињата се многу чувствителни и особено ранливи на инфекции. Отсуство на имунизација при раѓањето ги прави новороденчињата многу ранливи.
Секако, процесот на имунизација започнува многу бргу (за помалку од 48 часа по раѓањето), но напредокот е многу долг. Значи, новороденчето е изложено на ризик доколку хигиената во неговата околнина не е добра.

Постари или хендикепирани луѓе
Феноменот на имунизација и имуносупресија ги прави постарите лица и лицата со посебни потреби повеќе чувствителни на некои бактерии. Мораме да бидеме внимателни да не ги контаминираме и да им помогнеме, по потребна, со одржување на добра хигиена во нивната околина.

Бремени жени
Со бремените жени, па дури и здравите, мора да бидеме претпазливи за да се избегнат заразни болести кои може лошо да влијаат врз развојот на нивните деца. Основни мерки на претпазливост се практикување добра хигиена, но, исто така, и добра исхрана.

Дали знаете?
На едногодишна возраст, степенот на имунитетот на бебето е само 17% во споредба со оној на возрасен човек.