Каде и кога е потребна хигиена?


Фреквенцијата на чистење варира во зависност од местото и, пред сè, од околностите. Во случај на болест или во присуство на животни или легло за истите, чистотата е од суштинско значење. Никогаш не заборавајте, таа мора да биде комплементарна со основните правила на хигиена.

Места и фреквенција на чистење

Кујна
Кујната е најпосетената просторија во куќата и местото каде најчесто се случува труење со храна заразена со бактерии. Ова е причината зошто е препорачливо да се мијат рацете пред готвење, чистење на мијалникот (100 000 пати позагаден од тоалетот) , фрижидерот, кантата за отпадоци и кујнските крпи.

Бања
Влажноста на воздухот и високата температура ја поттикнува микробиолошката пролиферација. Ова е причината зошто се препорачува да се чистат и дезинфицираат мијалникот, бањата, тушот, туш завесата, рачките и славините секоја недела.

Тоалет
Тоалетот е одлично место за контаминирање, па затоа треба да се чисти и дезинфицира секој ден. Исто така, не заборавајте да ги измиете вашите раце секојпат кога ќе одите во тоалет и редовно дезинфицирајте го копчето за пуштање вода во тоалетот.

Перална
Машините за перење перат при ниска температура (30°C) што не е доволно за ослободување од микроби. Ова е причината зошто се препорачува да се перат вашите алишта со средства за перење кои содржат средство за дезинфекција, а особено кујнските крпи, бебешката облека и постелнина, спортската облека, долната облека, крпите за во бања итн.

Подови и други површини
Во контакт со раце или храна, овие површини се моќни медиуми на контаминација и затоа мора да се чистат редовно. Подовите се во контакт со чевли, извори на надворешнa контаминација. Препорачливо е да се чисти подот барем еднаш неделно.

Раце
Како подвижен медиум за контаминација, рацете треба да се мијат неколкупати на ден и што е можно потемелно.