Хигиена на домот


Хигиена во домаќинството е од клучно значење во општествата каде што луѓето дома поминуваат повеќе од 75% од своето време. Всушност, куќата изобилува со места поволни за контаминација и микробиолошки развој. Една неодамнешна класификација открива четири вида опасности од загадување, според инкриминирачките фактори.

Ние ги потенцираме влажните соби или места на куќата, каде микробите се размножуваат. Можеме да посочиме: решетки, тави, сливници, одводни канали итн. Овие места се многу често колонизирани со микроби, но редовна деконтаминација е доволна за да се ограничи микробиолошкиот ризик.

Потоа, алатките за чистење, на кои се размножуваат бактерии: сунѓер, крпи за подови, ракавици, крпи за во бања, асталски крпи, четки. Трајно загадени и влажни, тие одат во корист на развојот на бактерии и се големи носители на контаминацијата, поради нивното користење од страна на сите во семејството. Ризикот од загадување кај нив е висок, и затоа тие треба често да се деконтаминираат, дури и по секоја употреба.

Површини во контакт со рацете или храната, како што се: рачки, тави, туш батерија, телефон, штица за сечкање, работна маса (површина), фрижидер, прибор за готвење итн. Сите овие се моќни пренесувачи на контаминација, тие се „собирачи“ и „размножувачи“ на сите видови бактерии.

Последниот тип вклучува подови, теписи, површини на соби за јадење, спални, мебел, и друг тип објекти помалку изложени на загадување.

Кујна
Кујната е најчесто користена соба во куќата, каде што можете да најдете опасни микроби како Listeria или Salmonella, кои можат да предизвикаат труење со храна. Контаминацијата во кујна со мијалник е 100 000 пати поголема од онаа на еден тоалет. И, 40% од случаите на труење со храна потекнуваат од кујната.
Наши совети:
Измијте ги добро вашите раце пред да готвите. Исчистете го и дезинфицирајте го мијалникот, околните површини и кујнскиот прибор. Фрижидерот нека работи на температура од 0-4°C и чистете го што е можно поредовно. Мијте ја и празнете ја кантата за отпадоци што почесто. Менувајте ги кујнските крпи редовно и перете ги.

Бањата и тоалетот
Влажноста на воздухот, повисоката температура и органските остатоци промовираат зголемување на бројот на микроби. Габите, кои оставаат црни траги, или бактериите што се развиваат во бањата или на туш завесата можат да предизвикаат алергиски реакции.
Јавните тоалети се рај за микроби и бактерии како што се шугата, стафилококи и други.
Наши совети:
По одење во тоалет, секогаш мијте ги рацете внимателно. Пред испирање, не заборавајте да го затворите капакот на школката за да се избегне ширење бактерии на околните површини. Чистете ја бањата, одливот и тоалетот редовно со средство за дезинфекција. Не заборавајте на рачките и копчињата за пуштање вода, чешми, туш завесите и рабовите на мијалникот. Оставете ги крпите, бањарките итн. да се исушат и перете ги редовно.

Подови и други површини
Површините кои се во контакт со рацете и храната се моќни преносители на контаминација, бидејќи тие се „собирачи“ на сите видови бактерии. Подовите и теписите се исто така можни медиуми бидејки се во контакт со чевли, извор на надворешна контаминација (плуканици, измет и сл.)

Дали знаете?
Канцелариското биро содржи 3 249 бактерии на см2, наспроти 8 бактерии на см2 на столицата.

Наши совети:
Собувајте ги вашите чевли пред да влезете дома. Ако имате мали деца, чистете ги подовите со средство за дезинфекција. Да се избегне развојот на мувла и габички, чистете ги и дезинфицирајте ги поплочените површини и не ги оставајте влажни. Ако користите кофа и џогер, дезинфицирајте ги по секоја употреба и оставајте ги суви настрана. Не користете производи базирани на белило за одржување теписи, дрвени површини или мали слабо проветрени простории (ризик од губење на бојата и надразнувачки мирис).

Перална
За да ја намалиме потрошувачката на енергија и да заштедиме, переме со намалување на количината на детергент и переме на пониска температура. Како резултат на тоа, не успеваме целосно да ги елиминираме сите бактерии од текстилот. Резултат на тоа е микробиолошки ризик и лоша миризба, генерирани од бактериска ферментација.
Едно парче ткаенина може да содржи повеќе од 100 000 бактерии на см2 по само еден ден носење. И облеката испрана на 30° содржи само 10 пати помалку микроорганизми од пред перење, наспроти 500 пати помалку ако е испрана на 40° (извор Институтот Пастер ).
Бидете внимателни кај бебиња:
За време на првите години на животот се развиваат одбранбени механизми од суштинско значење за телото. Во меѓувреме, бебето е предмет на реален ризик од инфекција.
Како бебето може да биде заштитено?
Особено со преземање на грижата за неговата облека. Додека детето не е самостојно во физиолошките потреби, неговата облека лесно се колонизира од микроорганизми присутни во изметот и урината. Запомнете дека облеката која се пере во помалку од 60° C без средства за дезинфекција задржува значителен дел од бактерии и вируси во ткаенината. Преживеаните микроорганизми тогаш ќе имаат можност да се размножат во барабанот на машината и ќе бидат подготвени да се преселат во сува или влажна облека, крпи или постелина со кои тие ќе дојдат во контакт.
Наши совети:
Пред перење, секогаш одделете ги производите според стапките на ризик (долна облека , кујнски крпи, бебешка облека ), од други текстилни материјали.
Барајте производи за дезинфекција, производи кои се навистина ефикасни против микробите (стандардизирани производи со докажана ефикасност).
Дезинфицирајте ги задолжително бебешката постелнина, спортската облека, долната облека, постелнината, текстил што е во контакт со животни , постелината на болни.

Воздухот и мирисите
Микробите може да се пренесуваат и низ воздухот, носени од честички на кожата од нашите тела или во мали капки исфрлени од кашлање, кивање или плукање и како такви можат да бидат внесени со вдишување. Бактериите, исто така, можат да се пренесат и индиректно преку сите површини каде што можат да се налепат.
Преку ладење или системите за климатизација се пренесува и т.н. легионерска болест. Тоа може да предизвика респираторно нарушување, што е особено сериозно за кревките луѓе.
Покрај инфекциите, одредени ефекти врз здравјето се поврзани и со габични и бактериски зарази: течење на носот, респираторни проблеми, астма, алергиски реакции на кожата, замор и главоболка.
Наши совети:
Одржувајте здрава атмосфера со дезинфекција на површините и секојдневно проветрување на просториите.